Свет Трагедија

Борис Џонсон: Кирк беше убиен затоа што го зборуваше она што некогаш беше ЗДРАВ РАЗУМ

Тој беше убиен затоа што имаше храброст јавно да се залага за разумни мислења што ги имаат милиони и милиони обични луѓе и во САД и во Велика Британија. Светот доби нов маченик на слободата на говорот, напиша Џонсон.

Борис Џонсон: Кирк беше убиен затоа што го зборуваше она што некогаш беше ЗДРАВ РАЗУМ

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон убиството на Чарли Кирк го нарече „трагедија“ и „знак на очај и кукавичлук на оние кои не можеа да го победат во дебата.

– Убиството на Чарли Кирк е трагедија и знак за целосниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат со аргумент. Чарли Кирк беше убиен не поради тоа што застапуваше екстремистички ставови – затоа што не го правеше тоа. Тој беше убиен затоа што имаше храброст јавно да се залага за разумни мислења што ги имаат милиони и милиони обични луѓе и во САД и во Велика Британија. Светот доби нов маченик на слободата на говорот, напиша Џонсон.

Тој исто така изрази сочувство до семејството и најблиските на Кирк.  (МИА)

To top