Свет

Борел: Русија најде начини да ги заобиколи западните санкции

Борел: Русија најде начини да ги заобиколи западните санкции

Русија најде начини да ги заобиколи западните санкции со диверзификација на нејзините трговски патишта, при што извозот на европските компании во трети земји за понатамошен трансфер во Русија се зголеми експоненцијално.

Ова денеска на Х го напиша високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Токму поради ова, ја засиливме нашата акција за да се справиме со заобиколувањето на нашите санкции, со посилни контроли на извозот за да се ограничат мрежите за снабдување на Русија и го обновивме ангажманот со нашите партнери во Јужен Кавказ и Централна Азија“, информира Борел.

Најнови вести од Свет

To top