Свет битка за слобода на говорот, не како онаа лажната на сдс

Борба со цензурата: САД ставија на ЦРНА ЛИСТА еврокомесари и евробирократи

Државниот секретар Марко Рубио ги опиша петтемина како „радикални активисти“, кои настојувале да ги замолкнат американските коментатори и компании. „Премногу долго, идеолозите во Европа водеа организирани напори да ги принудат американските платформи да ги казнуваат американските ставови на кои се спротивставуваат. Администрацијата на Трамп повеќе нема да ги толерира овие скандалозни акти на цензура“, порача Рубио.

Борба со цензурата: САД ставија на ЦРНА ЛИСТА еврокомесари и евробирократи

Стејт департментот им забрани влез во САД на поранешен еврокомесар и лидери на невладини организации за кои тврди дека ги цензурираат американските ставови. Тиери Бретон, кој до лани беше еврокомесар за внатрешен пазар, се смета за главен автор на Законот за дигитални услуги (ДСА), кој содржи мерки против говор на омраза и дезинформации на онлајн платформите.

Санкции се воведени и за Имран Ахмед, директор на Центарот за борба против дигиталната омраза, Жозефин Балон и Ана-Лена фон Ходенберг од германската организација ХејтЕид, и Клер Мелфорд, која го води Глобалниот индекс на дезинформации (ГДИ).

To top