Иранската новинска агенција Тасним објави дека во денешниот напад речиси се целосно уништени Институтот за медицински истражувања и лабораториската зграда на Универзитетот Шахид Бехешти во Техеран.
Шахид Бектеши е еден од најпрестижните универзитети во Иран.
Студентскиот дом во универзитетскиот комплекс, исто така, е сериозно оштетен.
Тасним наведе дека нема информации за евентуални за жртви.
Според локалните медиуми, цел на израелско-американските напади биле и Технолошкиот универзитет Исфахан и Универзитетот за наука и технологија во Техеран. (МИА)