Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган се обидува да организира средба со американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на април, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани турски извори.
-Ердоган верува дека поблиските односи меѓу Турција и САД се клучни за стабилноста во регионот, особено затоа што Анкара се обидува да игра поголема улога во посредувањето во конфликтите од Украина до Сирија, навредува Блумберг.
Турција и САД имаат голем број несогласувања во врска со сирискиот конфликт и одбранбената соработка. Вашингтон ја поддржува сириската курдска милиција, која Анкара ја смета за терористичка група. Исто така, купувањето на рускиот ракетен систем С-400 од страна на Турција во 2019 година доведе до американски санкции и исклучување на Турција од програмата за борбени авиони Ф-35.
Ердоган и Трамп пред два дена телефонски разговараа за напорите за ставање крај на војната помеѓу Русија и Украина, како и за стабилизација на ситуацијата во Сирија.
Турскиот претседател посочи дека Анкара ги поддржува одлучните и директни иницијативи на американскиот претседател за ставање крај на конфликтот, додавајќи оти ќе продолжи да се залага за праведен и траен мир. (МИА)