Свет

Блинкен: Во следните недели е можна нова средба меѓу Бајден и Зеленски

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, би можел „во следните недели“ да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, и тоа за време на потпишувањето на билатералниот безбедносен договор, изјави денеска во Киев американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

За време на заедничкиот брифинг со украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба, Блинкен изјави дека условите на билатералниот договор се „речиси одобрени“, а Кулеба додаде дека е воспоставен „дијалог на доверба“ меѓу Зеленски и Бајден, пишува Киев Индепендент.

Шефот на украинската дипломатија изрази надеж дека двајцата лидери ќе имаат можност да разговараат за неопходните прашања и да потпишат договор, но не откри можен датум за средбата меѓу двајцата претседатели.

На самитот на НАТО во Вилнус на почетокот на јули минатата година членовите на Групата седум (Г7) го претставија својот план за долгорочни безбедносни обврски кон Украина. Повеќе од 30 земји досега се приклучија на заедничката декларација на Г7 за поддршка на Украина, а Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Италија, Канада, Холандија, Финска и Летонија веќе потпишаа билатерални договори со официјален Киев.

Според овој договор, одредени земји би му дале билатерална поддршка на Киев во конфликтот со Русија и секоја идна агресија. Безбедносните гаранции би имплицирале експлицитни и долгорочни обврски, како и зајакнување на способноста на Украина да се спротивстави на руската агресија. Гаранциите ќе ги опфатат и санкциите, финансиската помош и повоената реконструкција.

To top