Свет

Блинкен во посета на Турција за да разговара за конфликтот меѓу Израел и Хамас

Блинкен во посета на Турција за да разговара за конфликтот меѓу Израел и Хамас

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска е во посета на Турција во рамки на турнеја низ земјите од регионот пред да отпатува за Азија.

Блинкен се очекува утрово да се сретне со турските власти за да разговара за војната меѓу Израел и Хамас, јави Си-Ен-Ен.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше израелската офанзива во Газа, нарекувајќи ги акциите „злосторства против човештвото“ и изјави дека ја прекинува комуникацијата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но оти Турција не сака да ги прекине врските со Израел. Турција, исто така, го отповика својот амбасадор во Израел поради, како што наведе, „консултации“.

Блинкен претходно ги посети Израел, Јордан, Западниот Брег, Кипар и Ирак како дел од посетата на земјите од регионот.

Блинкен синоќа за време на ненајавената посета на Ирак рече дека американски функционери работат на обезбедување пауза во борбите во Газа за да се овозможи доставување поголема помош во областа и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

– Во моментов 100 камиони со помош се движат кон опколената крајбрежна енклава, но тоа е крајно недоволно, изјави Блинкен по посетата на Багдад

To top