Свет ДПА

Блинкен: Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку во 1973 година

„Тврдам дека барем од 1973 година не сме виделе таква опасна ситуација во регионот како оваа со која се соочуваме сега. А, веројатно дури и пред тоа“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон. „И тоа е средината во која работиме“.

Блинкен: Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку во 1973 година

Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку што беше во изминатите децении, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА.

„Тврдам дека барем од 1973 година не сме виделе таква опасна ситуација во регионот како оваа со која се соочуваме сега. А, веројатно дури и пред тоа“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон. „И тоа е средината во која работиме“.

Блинкен предупреди на обидите да се искористи израелската војна против Хамас за да сее дополнителна нестабилност на Блискиот Исток. Тој рече дека САД ќе одговорат на секој таков обид „одлучно“, но нагласи дека целта на американската влада е да спречи ескалација на тензиите во регионот.

Тројца американски војници загинаа, а околу дваесетина други беа ранети во напад со беспилотно летало врз американска воена база во Јордан во неделата, што ги подгреа стравувањата од проширување на кризата на Блискиот Исток.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нападот „е извршен од радикални милитантни групи поддржани од Иран кои дејствуваат во Сирија и Ирак“ и се закани дека ќе возврати. Во понеделникот иранската влада негираше вмешаност во нападот.  (МИА)

To top