Свет

Блинкен пристигна во Израел, посетата посветена на напорите за постигнување мир во регионот

Блинкен пристигна во Израел, посетата посветена на напорите за постигнување мир во регионот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа пристигна во Израел, уште една етапа од неговата четврта турнеја на Блискиот Исток, посветена на напорите за постигнување мир во регионот.

Претходно Блинкен беше во Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати и во Саудиска Арабија.

Блинкен пристигна синоќа во Тел Авив и денеска ќе се сретне со израелските власти, при што се очекува да истакне дека животите на палестинските цивили во Појасот Газа мора да бидат апсолутно поштедени.

Исто така, тој има намера да изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за иднината на палестинската енклава врз основа на идеите, аргументите и предлозите што ги слушнал за време на претходните фази од неговата четврта регионална турнеја.

За време на посетите на Блинкен на Јордан, Катар, ОАЕ и Саудиска Арабија, тој се обиде да ги увери арапските претставници дека САД се противат на идејата за преселување на Палестинците од Газа. Тој, исто така, им рекол на своите соговорници дека САД сакаат главните муслимански соседи на Израел да играат улога во идното управување со Газа.

Блинкен, исто така, ги повика тие земји што ги посети да се обидат да ги намалат тензиите кои веќе го поттикнаа насилството на окупираниот Западен Брег, Либан, Сирија и Ирак, а исто така ги натераа јеменските бунтовници Хути да нападнат бродови во Црвеното Море.

Најнови вести од Свет

To top