Свет осободување на заложниците

Блинкен: Фокусирани сме на продолжување на паузата во борбите во Газа

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен денеска изјави дека ќе работи на продолжување на паузата во борбите во Газа при претстојната посета на Израел.

Блинкен: Фокусирани сме на продолжување на паузата во борбите во Газа

– Во текот на следните неколку дена ќе бидеме фокусирани да направиме сè што можеме за да ја продолжиме паузата, така што ќе продолжиме да извлекуваме повеќе заложници и ќе доставуваме повеќе хуманитарна помош, рече Блинкен по министерскиот состанок на НАТО во Брисел.

Што се однесува на руската војна во Украина, Блинкен додаде дека Вашингтон и неговите сојузници остануваат цврсти во нивната поддршка за Киев.

„Одговорот денеска овде во НАТО е јасен и непоколеблив: Мораме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, потенцираше Блинкен на состанокот на западната воена алијанса.

To top