Свет ЕУ

Бјере: Очекувам заклучоците за проширувањето на ГАК да ги поддржат 26 земји членки

Имаме многу силни заклучоци, кои испраќаат силен сигнал до сите земји аспиранти за членство. Очекувам дека тие ќе бидат поддржани од 26 земји членки, рече Бјере, без да посочи која од 27-те земји членки на ЕУ, според неа, нема да гласа за заклучоците.

Бјере: Очекувам заклучоците за проширувањето на ГАК да ги поддржат 26 земји членки

На денешното заседание на Советот за општи работи (ГАК) очекувам заклучоците за проширувањето на Унијата да бидат поддржани од 26 земји членки, изјави данската министерка за европски прашања Мари Бјере, која претседава со ГАК во името на Данското претседателство со Советот на ЕУ.

– Имаме многу силни заклучоци, кои испраќаат силен сигнал до сите земји аспиранти за членство. Очекувам дека тие ќе бидат поддржани од 26 земји членки, рече Бјере, без да посочи која од 27-те земји членки на ЕУ, според неа, нема да гласа за заклучоците.

Кога станува збор за прашања поврзани со проширувањето, на претходните состаноци воздржан став или противење изразуваше Унгарија, која има забелешки на пристапниот процес на Украина поврзани со правата на унгарското малцинство во земјата.

Бјере посочи дека во 2025 година е постигнат најголем напредок во процесот на проширувањето на ЕУ во последните 15 години, при што, како што нагласи, беа одржани неколку меѓувладини пристапни конференции со земјите кандидати за членство.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

– Тоа покажува дека имаме земји аспиранти за членство кои испорачуваат со посветеност, а исто така и дека проширувањето го има моментумот меѓу сите земји членки во Советот. Тоа сега е приоритет, бидејќи е геополитичка неопходност во светот што се менува, додаде Бјере.

Како што најави Советот на ЕУ, заклучоците за проширувањето се дизајнирани со цел да ги утврдат политичките приоритети и да ја проценат ситуацијата во секоја од кандидатите за членство, како и да постават насоки за понатамошните реформи.

To top