Свет Шеф на чешката разузнавачка служба:

Безбедносната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна

Павел, како што се наведува, рекол дека безбедносната ситуација најверојатно ќе стане уште посложена во наредните месеци.

Безбедносната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна

Сегашната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна, изјави шефот на чешката разузнавачка служба Михал Куделка.

Јавниот радиодифузер Радио Прага Интернационал јави дека шефот на службата за безбедност и информирање на Чешката Република на состанокот на претседателот Петр Павел му рекол дека рускиот експанзионизам и можното враќање на екстремистички терористички групи како ИСИС во Европа претставуваат голема закана за европските демократии.

– Не можеме да го потцениме ризикот, иако немаме конкретни информации за директна закана за безбедноста на Чешка, потенцираше тој.

Павел, како што се наведува, рекол дека безбедносната ситуација најверојатно ќе стане уште посложена во наредните месеци.

Засилени се мерките за безбедност во Франција и другите европски земји по минатонеделниот терористички напад во Москва, за кој одговорноста ја презеде терористичката група „Исламска држава“.

Теми на денот

To top