Белгиските безбедносни служби следат 652 опасни лица, од кои повеќето се поврзани со џихадизам, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на официјални податоци. Се забележува дека во последно време има зголемување на бројот на случаи на онлајн радикализација.
Некои од оние кои се ставени под надзор се надвор од Белгија, додека останатите се лоцирани главно во Брисел. Настаните во Израел и Газа не доведоа до значително зголемување на заканите за внатрешната безбедност, објаснуваат белгиските служби.
Белгија и натаму останува на третото ниво на закана од терористички напад. Нивото беше подигнато по нападот на 16 октомври во Брисел, кога илегален мигрант од Тунис застрела и уби двајца шведски фудбалски навивачи. Одговорноста за неговите постапки ја презеде терористичката група ИД. Во 2016 година, истата група ја презеде одговорноста за нападите на аеродромот и метрото во главниот град на Белгија. (МИА)