Во последните 24 часа повеќе од 80 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа, а околу 500 до 600 Американци се уште не ја напуштиле палестинската енклава, соопшти Белата куќа.
„Знаеме дека досега извлековме околу 400 луѓе, што значи дека останаа уште околу 500 до 600 луѓе, вклучувајќи ги и нивните семејства таму“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
Конвој од илјадници палестински цивили денеска го напушти северниот дел на Газа барајќи засолниште од израелските воздушни напади и жестоките копнени борби меѓу израелските сили и милитантите на Хамас. (МИА)