Американскиот претседател Џо Бајден нагласи денеска дека САД „нема да си заминат“ од Украина, која се бори против руските сили повеќе од две години.
-Нема да заминеме бидејќи ако го направиме тоа Украина ќе биде потчинета и нема да заврши тука. Соседите на Украина ќе бидат загрозени, цела Европа ќе биде загрозена, рече Бајден за време на комеморацијата на 80-годишнината од Денот Д во Нормандија.
Тој го оквалификува рускиот претседател Владимир Путин како „тиранин наклонет кон доминација“.