Американскиот претседател Џо Бајден предупреди денеска на можноста за „сеопфатна војна“ на Блискиот Исток, бидејќи Израел ги стави војниците на готовност за можно навлегување во Либан во момент кога и војната во Газа продолжува.
„Можна е сеопфатна војна“, рече Бајден во разговор за Еј-Би-Си.
„Мислам дека, исто така, се уште е во игра можноста да имаме решение што би можело суштински да го промени целиот регион“.