Свет

Бајден: Најдобар начин да се обедини земјата е предадaвање на штафетата на новата генерација

Претседателот на САД Џо Бајден во историско обраќање до нацијата синоќа, прво такво по она на Линдон Џонсон во 1968 година, ја објасни својата одлука да се повлече од претседателката трка и дека „ја предава штафетата на новата генерација“.

Бајден: Најдобар начин да се обедини земјата е предадaвање на штафетата на новата генерација

Претседателот на САД Џо Бајден во историско обраќање до нацијата синоќа, прво такво по она на Линдон Џонсон во 1968 година, ја објасни својата одлука да се повлече од претседателката трка и дека „ја предава штафетата на новата генерација“.

Според него таа генерација треба да биде предводена од „големиот лидер, потпретседателката Камала Харис“.

Во говор од свјот кабинет кој траеше околу 20 минути Бајден изјави дека „ја предава штафетата“ и за прв пат им ја кажа на Американците причината за неговото неочекувано напуштање на изборите во 2024 година.

-Во последниве недели сфатив дека треба да ја обединам мојата партија. Сметам дека мојот труд како претседател, моето лидерство во светот, мојата визија за иднината на Америка – сето тоа заслужуваше втор мандат, рече претседателот на САД.

-Но ништо, ништо не смее да спречи спасување на нашата демократија. Тоа вклучува и лични амбиции. Затоа решив дека најдобриот пат напред е да ја предадам штафетата на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација, изјави Бајден, алудирајќи на тоа што демократите го сметаат за опасност од враќање на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во Белата куќа.

-Длабоко ја почитувам оваа функција, – истакна претседателот и додаде: Но ја сакам мојата земја повеќе.

Во своето прво обраќање до нацијата по излегувањето од претседателската трка, 81-годишниот претседател го претстави своето наследство како извонредно и изјави дека ќе остане на функција уште шест месеци, до крајот на неговиот мандат што завршува на 22 јануари 2024 година.

-Заштитата на демократијата е поважна од кое и да било звање. Сила и радост црпам од работата за доброто на американскиот народ. Решив дека најдобриот пат напред е да ја предадам штафетата на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата земја, повтори тој.

Бајден потврди дека во следните шест месеци „ќе биде фокусиран на исполнување на своите обврски како претседател“.

-Тоа значи дека ќе продолжам да ги намалувам трошоците за работничките семејства и да ја развивам нашата економија. Ќе продолжам да ги бранам нашите лични слободи и нашите граѓански права – од правото на глас до правото на избор.

Со подршка дадена од Бајден, потпретседателката Камала Харис (59) собра доволно гласови од делегатите за да стане претседателски кандидат од Демократската партија. Таа е подготвена да се соочи со Трамп, кој веќе ја започна својата предизборна кампања и кој денеска на митинг во Северна Каролина ги истрела првите стрели против Харис, во говор во негов стил со потсмев и подбивање при што намерно избегнуваше да го изговори нејзиното име правилно.

-Благодарение на вашата поддршка продолжувам да се борам за иднината на нашата земја,- рече Харис во своето обраќање пред заедницата на главното сестринство на Афроамериканките со седиште во Индијанаполис.
Т
аа го критикуваше „Проект 2025“, радикален план за владина реформа предводена од Трамп, како обид „да ја врати Америка во темното минато“.

Харис (59) во својот говор оддаде почит на Бајден, изјавувајќи дека неговото обраќање е посветено „не само на извонредната работа што ја заврши, туку и на неговата работа во наредните шест месеци“.

Во големо изненадување за американската и светската јавност Бајден во неделата објави дека нема да се кандидира повторно, подлегнувајќи на притисокот по неуспешната дебати со Трамп минатиот месец и по критиките од својата партија дека неговата одмината возраст, когнитивните пречки и говорни лапсуси ќе доведат до победа на Трамп на изборите во ноември.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер им изјави на новинарите во синоќа дека одлуката на Бајден „нема никаква врска со неговото здравје“. Таа негираше дека Белата куќа криела какво било можно влошување на состојбата на Бајден.

Тој се врати во Белата куќа во вторникот, по речиси еднонеделно боледување во својот дом во Делавер откако минатата недела се зарази од Ковид и помина време во изолација. За време на карантинот тој донесе одлуката да се повлече од претседателската трка.

Републиканците го повикаа Бајден да се повлече и од функцијата претседател, а некои републиканци во Конгресот подготвуваат тужба за наводна операција на прикривање и пуч, тврдејќи дека неговото напуштање и именување на Харис за свој наследник се незаконски постапки. Тие изјавија дека ако не е способен да се кандидира за претседател, тогаш не е способен ни да ја води земјата.

Бајден, кој е сѐ повеќе критичен кон воената кампања на Израел во појасот Газа, денеска во Белата куќа се среќава со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

To top