Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да има „целосна доверба“ во министерот за одбрана Лојд Остин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер во врска со прашањата на пратениците за тоа што шефот на Пентагон неколку дена не пријавил дека е хоспитализиран.
Остин, кој е втор човек по претседателот Бајден по команда на американските вооружени сили, неколку дена никого не информирал за неговата хоспитализација на првиот ден од новата година.
„Претседателот има целосна доверба и продолжува да има доверба во Остин“, изјави Жан-Пјер додека Бајден беше во посета на Јужна Каролина.
Портпаролката рече дека претседателот во саботата разговарал со шефот на Пентагон и оценил дека Остин ја презел „целата одговорност“ за тоа што не ја известил Белата куќа за неговата хоспитализација. (МИА)