Свет САД

Бајден го потпиша законот за рекорден буџет за одбрана од 886 милијарди долари за следната година

Вклучува и 800 милиони долари воена помош за Украина,

Бајден го потпиша законот за рекорден буџет за одбрана од 886 милијарди долари за следната година

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за одбранбениот буџет на САД за следната година во износ од 886 милијарди долари, откако беше усвоен од двата дома на Конгресот минатата недела, соопшти Белата куќа.

Буџетот за одбрана на САД за 2024 година е рекорд во историјата на земјата, кој вклучува и 800 милиони долари воена помош за Украина, како и средства за задржување на Кина во индо-пацифичкиот регион.  (МИА)

To top