Свет сад

Бајден денеска за последен пат зборува на Генералното собрание на ОН како претседател на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го одржи својот последен говор на Генералното собрание на Обединетите нации како претседател на САД.

Бајден денеска за последен пат зборува на Генералното собрание на ОН како претседател на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го одржи својот последен говор на Генералното собрание на Обединетите нации како претседател на САД.

Во обраќањето на Бајден пред Генералното собрание и на неговите средби со други светски лидери во Њујорк, главното прашање ќе биде конфликтот на Блискиот Исток и неговите потези на овој план, јавува Гласот на Америка.

Бајден ќе им се обрати на стотици светски лидери кои секоја година се собираат на Генералното собрание на Обединетите нации, а говорот ќе го одржи во многу важен момент, изјави американската амбасадорка во ОН Линда Томас Гринфилд.

„Го кажуваме секоја година, но оваа седница на Генералното собрание се одржува во клучен момент полн со предизвици. „Списокот на кризи и конфликти кои бараат внимание и акција само продолжува да расте“, рече Томас Гринфилд.

На врвот на таа листа е кризната ситуација во Газа, а американската позиција за тоа прашање не е во согласност со ставот на остатокот од Генералното собрание на ОН, кое минатата недела со големо мнозинство гласови усвои резолуција со која се бара Израел ја прекина окупацијата на палестинската територија во следните 12 месеци.

Соединетите Американски Држави беа меѓу 14-те земји кои гласаа против во, како што рече Томас Гринфилд, во согласност со противењето на Вашингтон на „едностраните мерки кои ги поткопуваат изгледите за решение со две држави“.

Аналитичарите очекуваат Бајден да зборува за поддршката за Израел и Украина во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН и да укаже дека тие два конфликти се голем предизвик на крајот на неговиот претседателски мандат.

Генералната дебата во рамките на Генералното собрание на ОН започнува денеска, а завршува во понеделник на 30 септември. Традиција е Бразил прв да се обрати на седницата, а причината за тоа е што претставникот на таа земја прв стана и излезе на говорница кога другите се двоумеле да го направат тоа, во првите години на Генералното собрание на ОН.

Како земја домаќин, со седиште на ОН во Њујорк, Америка е втора на која се обрати.

Оттаму списокот оди според редоследот на пријавување, а правилото е дека приоритет имаат претседателите на државите, а потоа замениците, принцовите, премиерите, министрите и другите членови на делегации од понизок ранг.

На овогодинешното Генерално собрание на ОН ќе учествуваат 87 шефови на држави, тројца потпретседатели, двајца принца, 45 премиери, 45 министри и четворица пониски шефови на делегации, јави Гласот на Америка.

Од лидерите беше побарано да се придржуваат до ограничувањето на говорниците од 15 минути.

Еден од најдолгите говори во Генералното собрание на ОН го одржа кубанскиот лидер Фидел Кастро во 1960 година, кога зборуваше четири и пол часа, а Моамер Гадафи, поранешниот либиски лидер, зборуваше повеќе од час и половина во 2009 година.

Најнови вести од Свет

To top