Свет

Азербејџан и Ерменија се согласија да не дозволат распоредување на воени сили од трети земји долж заедничката граница

Азербејџан и Ерменија се согласија да не дозволат распоредување на воени сили од трети земји по должината на нивната заедничка граница, објави азербејџанската агенција Азертек.

Азербејџан и Ерменија се согласија да не дозволат распоредување на воени сили од трети земји долж заедничката граница

Азербејџан и Ерменија се согласија да не дозволат распоредување на воени сили од трети земји по должината на нивната заедничка граница, објави азербејџанската агенција Азертек.

Тоа е дел од договорот за воспоставување мир и меѓудржавни односи меѓу Азербејџан и Ерменија, инициран од министрите за надворешни работи на двете земји. Во документот се нагласува дека страните, во исчекување на конечното утврдување и демаркација на нивната граница, ќе спроведат меѓусебно договорени мерки за безбедност и градење доверба (вклучително и во воената сфера) со цел да се обезбеди стабилност и безбедност во граничните области.

Текстот на договорот беше презентиран на 8 август 2025 година, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, ерменскиот премиер Никол Пашинјан, ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан и неговиот азербејџански колега Џејхун Бајрамов.

-Страните се согласуваат во рок од еден месец од стапувањето во сила на овој Договор: да ги повлечат, отфрлат или на друг начин да ги решат сите меѓудржавни барања, жалби, приговори и спорови што се појавиле меѓу нив пред неговото потпишување, без оглед на правниот форум во кој биле покренати; да не поднесуваат нови барања, жалби, приговори или постапки по овие прашања; да не учествуваат на никаков начин во слични тужби покренати против другата страна од трета страна, се наведува во документот.

-Страните нема да преземаат, охрабруваат или учествуваат на никаков начин во какви било непријателски дејствија едни против други што се спротивни на овој Договор, во дипломатската, информативната и друга област, и ќе одржуваат редовни консултации за таа цел, се додава во текстот.

Како резултат на заедничкото барање од шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија до претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), формално се прекинати активностите на Минската група и нејзините сродни структури, вклучувајќи ја работата и на личниот претставник на претседателот на ОБСЕ за конфликтот што го разгледува Минската конференција на ОБСЕ, како и Групата за планирање на високо ниво.

To top