Свет БиХ

Австриската шефица на дипломатијата: Додик мора да биде запрен

Австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер денеска во Сараево потврди дека санкциите што нејзината земја и Германија ги воведоа за лидерот на босанските Срби Милорад Додик веќе стапија на сила, посочувајќи дека тоа е доказ за решеноста на владата во Виена да ја поддржи стабилноста на БиХ.

Мајнл-Рајзингер стана шеф на австриската дипломатија на 3 март во име на либералната партија НЕОС, кога во нејзината земја беше формирана трипартиска коалиција, а во првите чекори што ги направи во однос на Западен Балкан, таа ја покажа својата подготвеност за порешителна акција, што вклучуваше воведување санкции за лидерот на Босанските Срби.

„Неодамнешните постапки на Милорад Додик се закана за стабилноста, уставниот поредок и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Мајнл-Рајзингер за новинарите по состанокот со министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ.

Таа посочи дека Виена сака да испрати јасен сигнал дека такво нешто нема да се толерира, па затоа е задоволна бидејќи заедно со Германија е донесена одлука да се забрани влезот на Додик и на другите функционери на Република Српска во тие две земји.

Овие санкции, како што потврди таа, се веќе на сила, а во случајот со Австрија опфаќаат и транзит низ таа земја.

„Нападите врз уставниот интегритет на Босна и Херцеговина од страна на водечките политичари од Република Српска кои намерно ја ослабуваат државата, се неприфатливи и претставуваат опасност за безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина и на целиот регион“, стои во азедничката изјава на Мајнл-Рајзигер и германската министерка за Европа, Ана Лирман, која исто така во четвртокот беше во Сараево.

To top