Свет Руско МО

Авион Су-25 се урна во Русија

„Летот беше изведен без муниција, авионот се урнал во ненаселена област, нема штета на земјата“, се вели во соопштението.

Авион Су-25 се урна во Русија

Напаѓачки авион Су-25 се урна во Приморската област во Русија. Пилотот успеал да се катапултира и бил евакуиран од спасувачката екипа, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Летот беше изведен без муниција, авионот се урнал во ненаселена област, нема штета на земјата“, се вели во соопштението.

Според првичните податоци, причина за несреќата е технички дефект. На местото каде се урна авионот е испратена комисија од руските воздухопловни сили поради откривање на причините за урнувањето.  (МИА)

To top