Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина своите редовни летови до и од Тел Авив, Ербил и Аман, до и вклучително денеска. Летовите кон Бејрут и Техеран ќе останат суспендирани најмалку до четврток.
КЛМ ги откажа сите летови до и од Тел Авив до вторник, соопшти портпаролот на холандскиот огранок на Ер Франс.
Британскиот ИзиЏет вчера ги паузираше летовите до и од Тел Авив. Превозникот соопшти дека привремено ќе ги паузира операциите до и од Тел Авив до 21 април.
ВизЕр соопшти дека ги откажал повеќето од своите летови до и од Тел Авив, од сабота до понеделник.
Финаир ги прекина операциите во иранскиот воздушен простор до понатамошно известување, што може да предизвика подолго време на летање на летовите од Доха. Портпаролот рече дека финскиот авиопревозник ќе се пренасочи преку Египет, што ќе резултира со доцнење од „неколку минути“.
Портпаролот на САС рече дека летовите меѓу Копенхаген и Бангкок делумно летаат над регионот и оти еден лет морал да се пренасочи ноќта помеѓу саботата и неделата.
Ибериа Експрес на Х објави дека ќе ги откаже летовите за Тел Авив во недела и понеделник.
„Јунајтед ерлајнс“ ги откажа планираните летови од Њуарк до Тел Авив вчера и денеска.
Ер Канада предупреди на долги одложувања и откажувања на летовите во Израел и ги откажа летовите до Тел Авив во понеделник и вторник.