Тој на прес-конференција во Кабул рече дека десетици Таџикистанци и Пакистанци биле убиени во изминатата година „во операции на безбедносните сили“.
Тој додаде дека во тој период биле уапсени и голем број државјани на тие две земји кои биле инволвирани во различни инциденти.
Муџахид ги повика соседните земји во регионот да ја зајакнат контролата на нивните граници.
Тој додаде дека во изминатата година има намалување на нападите на припадниците на организацијата Исламска држава (ИД) за околу 90 отсто.