Во две сообраќајни несреќи на автопатот во југоисточен Авганистан, загинаа 50 лица, а 76 се повредени, изјави денеска владиниот портпарол.
-Автобус и цистерни со нафта се судрија на автопатот Кабул-Кандахар вчеравечер, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Газни, Хафиз Омар.
Втората несреќа се случи на истиот автопат, кој ја поврзува авганистанската престолнина Кабул со југот на земјата.
BREAKING: Tragedy strikes Afghanistan’s highways with two deadly bus crashes.
52 lives lost, 65 injured.
Fuel tanker and truck collisions highlight urgent road safety issues.
Survivors battle critical conditions in hospitals.🇺🇸 ⬇️ pic.twitter.com/s3d53Ez3q5
— Tony Lane 🇺🇸 (@TonyLaneNV) December 19, 2024
-Повредените се префрлени во болниците во Газни, а властите се во процес на предавање на телата на нивните семејства. Пациентите во посериозна состојба се префрлени во Кабул. Меѓу жртвите има жени и деца, изјави Омар.
Сообраќајните несреќи се чести во Авганистан, главно поради лошите услови на патиштата и невниманието на возачот.
Update: Two bus accidents involving a fuel tanker and a truck on a Kabul-Kandahar highway through central Afghanistan killed 52 people and injured 65, the Taliban government spokesmen said Thursday. pic.twitter.com/a4E039maMp
— GeoTechWar (@geotechwar) December 19, 2024