Свет Нигерија

Армијата на Нигерија елиминира повеќе од 50 припадници на Боко Харам

Армијата на Нигерија денеска соопшти дека елиминирала повеќе од 50 припадници на Боко Харам, како одговор на нападите со дронови врз воените бази во североисточниот дел на земјата

Армијата на Нигерија елиминира повеќе од 50 припадници на Боко Харам

Армијата на Нигерија денеска соопшти дека елиминирала повеќе од 50 припадници на Боко Харам, како одговор на нападите со дронови врз воените бази во североисточниот дел на земјата.

Портпаролот на армијата на Нигерија изјави дека милитантите утрово истовремено нападнале воени бази во нигериските држави Борно и Јобе. Тој додаде дека копнените сили со поддршка од воздух следат повеќе од 70 припадници на Боко Харам.

Борците на Боко Харам минатиот месец убија најмалку 60 луѓе во нападот врз Дарул Џамал, североисточна Нигерија,

Џихадистичката група Боко Харам од 2009 година води вооружена борба против западното образование и се обидува да наметне шеријат. По смртта на долгогодишниот лидер на групата, Абубакар Шекау во 2021 година, Боко Харам се подели на две фракции. Една од нив, позната по нападите врз воени позиции, е поддржана од Исламска држава.

Според податоци на Обединети нации, во нападите на Боко Харам загинале околу 35.000 цивили, а раселени се околу два милиона луѓе.

To top