Свет

Арапски дипломат и портпаролот на Нетанјаху демантираат дека израелскиот премиер патува за Каиро

Нетанјаху ги разгледа подготовките на израелската армија на терен и ги утврди правилата за следната фаза, соопшти неговиот кабинет.

Арапски дипломат и портпаролот на Нетанјаху демантираат дека израелскиот премиер патува за Каиро

Неименуван арапски дипломат ги демантираше наводите на медиумите дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху отпатува за Каиро на разговори за прекин на огнот во Појасот Газа.

И портпаролот на Нетанајху, Омер Достри негираше дека премиерот отпатува за Каиро.

Во меѓувреме, кабинетот на Нетанјаху соопшти дека тој бил на планината Хермон во близина на сириската граница, каде разговарал со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на израелската армија, генерал-полковник Херзи Халеви, шефот на безбедноста на Шин Бет, Ронен Бар и генерал-мајорот задолжен за северната граница, Ури Гордин, со кои разговарал за ситуацијата во Сирија.

Нетанјаху ги разгледа подготовките на израелската армија на терен и ги утврди правилата за следната фаза, соопшти неговиот кабинет.

Претходно, медиумите објавија дека Нетанјаху патува во Каиро, каде ќе  разговара за прекин на огнот и  за ослободување на заложниците од Појасот Газа. Истите извори тврдеа дека следните денови се очекува да биде потпишан договор. (МИА)

To top