Свет

Аракчи: Иран никогаш нема да се откаже од своето право да збогатува ураниум

„Зошто толку инсистираме на збогатување (ураниум) и одбиваме да се откажеме од него дури и ако ни се наметне војна? Бидејќи никој нема право да го диктира нашето однесување“, рече Аракчи, два дена откако се сретна со американскиот претставник Стив Виткоф во Оман на разговори за ограничување на нуклеарната програма.

Аракчи: Иран никогаш нема да се откаже од своето право да збогатува ураниум

Иран никогаш нема да се откаже од своето право да збогатува ураниум, дури и ако „му се наметне војна“, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи.

На форум во Техеран, Аракчи рече дека „Иран плати многу висока цена за својата мирновременска нуклеарна програма за збогатување ураниум“, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

„Зошто толку инсистираме на збогатување (ураниум) и одбиваме да се откажеме од него дури и ако ни се наметне војна? Бидејќи никој нема право да го диктира нашето однесување“, рече Аракчи, два дена откако се сретна со американскиот претставник Стив Виткоф во Оман на разговори за ограничување на нуклеарната програма.

Тој рече дека неговата земја не е заплашена од распоредувањето на американската морнарица во регионот.

„Нивното воено распоредување во регионот не нè плаши“, рече Аракчи.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано го предупредува Иран дека ќе употреби сила за да ја принуди земјата да се согласи на нуклеарен договор, по што започна со трупање војници во регионот за да ги задуши протестите во Иран во кои загинаа илјадници луѓе, а десетици илјади беа притворени.

Пред војната со Израел и САД минатиот јуни, Иран збогатуваше ураниум до чистота од 60 проценти, краток, технички чекор до нивото потребно за производство на оружје.

Меѓународната агенција за атомска енергија –МААЕ соопшти дека Иран е единствената земја во светот што збогатува ураниум до тоа ниво без да биде вооружена со бомба.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, минатата недела изјави дека разговорите меѓу неговата земја и Иран мора да се однесуваат на нуклеарната програма на Техеран, неговите балистички ракети, неговата поддршка за прокси терористички групи низ целиот регион и неговиот „третман кон сопствениот народ“.

To top