Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи денеска изјави дека нападот врз нуклеарните објекти на Иран од страна на Израел и Соединетите Американски Држави во јуни „докажа дека не постои воено решение за решавање на проблемот со нуклеарната програма на Иран“.
„Само дипломатско и преговарачко решение може да биде ефикасно, а неговата реализација е можна само кога тие ќе се откажат од своите воени амбиции и ќе ја надоместат штетата што ни ја предизвикаа. Тогаш ќе бидеме подготвени да учествуваме во преговорите“, рече Аракчи на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на Шангајската организација за соработка во интервју за кинеската CGTN.
Како што објави иранска новинска агенција, тој рече дека Иран, како полноправен член на Шангајската организација за соработка, „ѝ дава големо значење на оваа организација и ги смета за вредни нејзините напори да пронајде достојно место за земјите од Југот на меѓународната сцена“.