Свет „Слобода. Спомени 1954 - 2021 година“

Ангела Меркел ги промовира своите мемоари во Берлин

Меркел ги напиша своите политички мемоари заедно со долгогодишниот политички советник Беате Бауман. Според издавачот Kiepenheuer & Witsch, книгата има околу 700 страници и ќе биде објавена во повеќе од 30 земји.

Ангела Меркел ги промовира своите мемоари во Берлин

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на крајот на ноември во Берлин ќе ги претстави своите мемоари под наслов „Слобода. Спомени 1954 – 2021 година“.

Поранешниот шеф на германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ) ќе ја претстави книгата на 26 ноември, на денот на издавањето на книгата, соопштија од театарот каде ќе биде промоцијата

Настанот ќе биде отворен за јавноста, а ќе го модерира новинарката Ен Вил. Претходната продажба на билетите ќе започне на 10 октомври во 11 часот, стои во најавата за настанот на веб-страницата на театарот.

Меркел ги напиша своите политички мемоари заедно со долгогодишниот политички советник Беате Бауман. Според издавачот Kiepenheuer & Witsch, книгата има околу 700 страници и ќе биде објавена во повеќе од 30 земји.

Меркел, која сега има 70 години, не се кандидираше на сојузните избори во 2021 година, откако беше канцелар на Германија цели 16 години.

Родена во северниот германски град Хамбург, пораснала во поранешна Источна Германија, студирала физика и станала политички активна во периодот на политичките превирања по падот на Берлинскиот ѕид.

Таа беше избрана во германскиот Бундестаг во 1990 година и беше министерка за жени и млади, а подоцна и министерка за животна средина. Од 2000 до 2018 година ја водеше ЦДУ, а таа позиција ја доведе до канцеларската позиција во 2015 година.

Најнови вести од Свет

To top