Ана Корaч, која се омажи и се породи оваа година, стави точка на бракот со бизнисменот кој цело време го криеше од очите на јавноста.
Ана остана бремена со својот емотивен партнер со кој беше во врска извесно време, но сè криеше од очите на јавноста.
За момчето на Ана, прво се дознало на нејзиниот роденден, но таа не сакала да зборува за тоа, по негова желба.
Корач, откако ја објави веста за бременоста, се повлече од јавниот живот. Ана и по породувањето не се врати на свената, а кога објави фотографии од сопругот го сокри неговото лице.
Според извор близок до неа, Ана неодамна се разведе од сопругот.
-Ана молчеше за врската, за бракот, па логично беше да не зборува ниту за разводот, но почна многу да се зборува за тоа. Двајцата се разделиле и таа останала со синот во станот кој и бил на нејзино име од самиот почеток, а го купиле кога добиле бебе. Се разведоа спогодбено, многу брзо се договорија за се. Таа веднаш го вратила своето презиме во документите, па процесот на разводот завршил. Ги избришала и фотографиите од својот поранешен сопруг и со тоа ставила крај на секакви сомнежи дека уште се заедно, заклучил изворот.
„Точно е дека повеќе не сум мажена, но ништо друго не би коментирала“, изјавила Ана за Информер