Свет САД

Американски брод разорувач се закотви во израелското пристаниште Ејлат

Изминатите дена распоредени се дополнителни американски сили на Блиски Исток зголемувајќи ги стравувањата од можен напад врз Иран.

Американски брод разорувач се закотви во израелското пристаниште Ејлат

Американски брод разорувач денеска се закотви во израелското пристаниште Ејлат, кое се наоѓа во близина на границите на Израел со Египет и Јордан.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ објави дека пристигнувањето на бродот разорувачот во јужниот пристаништен град во Акабански Залив било планирано однапред и е дел од тековната соработка помеѓу американските и израелските вооружени сили.

Изминатите дена распоредени се дополнителни американски сили на Блиски Исток зголемувајќи ги стравувањата од можен напад врз Иран.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека се „надева оти нема да мора да го нападне Иран.

Најнови вести од Свет

To top