Свет

Американската ФАА повторно ги предупреди авиокомпаниите за влошување на безбедноста на летовите над Венецуела

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) го повтори своето предупредување до големите авиокомпании од минатиот месец за „влошување на безбедносната ситуација“ над Венецуела и ги повика да бидат претпазливи, објавија британските медиуми.

-Заканите може да претставуваат потенцијален ризик за авионите на сите височини, вклучително и за време на летовите на маршрута, пристигнување и заминување и/или аеродромите и авионите на земја, се наведува во соопштението на FAA.

ФАА првпат го издаде предупредувањето на 21 ноември, а денеска истото беше повторено за медиумите без никакви промени.

Ова предупредување доаѓа во време на големо зголемување на американските воени сили во јужниот дел на Карипското Море, додека претседателот Доналд Трамп води кампања за соборување на неговиот венецуелски колега, Николас Мадуро, забележаат британските меидуми.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
To top