Свет ЦЕНТКОМ

Американската армија нападна цели на Хутите

Размената на оган се случила на територијата на Јемен под контрола на јеменските бунтовници Хути.

Американската армија нападна цели на Хутите

Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека извршила самоодбранбени напади против четири противбродски проектили и едно беспилотно летало на Хутите.

Размената на оган се случила на територијата на Јемен под контрола на јеменските бунтовници Хути.

ЦЕНТКОМ, со седиште во Флорида, соопшти дека нивните сили собориле три беспилотни летала лансирани кон Аденски Залив од територијата контролирана од проиранските Хути.  (МИА)

To top