Свет смртна казна

Американец од Алабама чека егзекуција со нов, непроверен метод

Кенет Јуџин Смит ќе стане првиот човек во САД кој ќе биде погубен со азот. Додека ги поминува последните денови на смртната казна, тој вели дека го прогонуваат мислите за непроверениот процес.

Американец од Алабама чека егзекуција со нов, непроверен метод

Кенет Јуџин Смит ќе стане првиот човек во САД кој ќе биде погубен со азот. Додека ги поминува последните денови на смртната казна, тој вели дека го прогонуваат мислите за непроверениот процес.

мит е еден од двајцата мажи осудени за убиство на сопругата на свештеник во Алабама во 1989 година, која била пронајдена избодена и претепана до смрт. Смит е еден од ретките луѓе во Америка кои двапати ќе бидат однесени да бидат погубени бидејќи џелатите првиот пат не успеале во нивниот план.

Тогаш Смит требал да биде погубен со смртоносна инјекција, но џелатите не можеле да ја погодат вената поради масивните исеченици што ги имал Смит, а сега ќе го користат методот на задушување со азот, пренесува Би-Би-Си.

Овој пат државата Алабама го одобри планот да го задуши Смит така што ќе му стави херметичка маска на лицето и ќе го принуди да вдишува чист азот, гас што ќе го задуши.

Високиот комесаријат на ОН за човекови права минатата недела изјави дека досега неупотребениот метод може да се смета за тортура или друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и повика на прекин.

Конечната жалбена одлука се уште не е донесена откако федералниот суд го одби барањето на неговите адвокати за одложување на извршувањето. Смит треба да биде погубен во четврток. „Моето тело само се распаѓа, постојано губам килограми“, изјави Смит за Би-Би-Си во писмениот одговор на прашања.

„Постојано ми се гади. Редовно добивам напади на паника и ова е само мал дел од она со што се справувам секојдневно. Мачење, всушност“, напиша тој. Тој ја повика државата Алабама „да ја запре егзекуцијата пред да биде предоцна“.

Државата тврди дека егзекуцијата со азот гас брзо ќе предизвика несвест, но не прикажа убедливи докази.

Алабама има една од највисоките стапки на егзекуција по глава на жител во САД и моментално има 165 лица на смртна казна во државата.

Од 2018 година, државата е одговорна за три неуспешни обиди за смртоносна инјекција во кој преживеале осудените затвореници. Неуспесите доведоа до внатрешна ревизија која во голема мера ја префрли вината на самите затвореници, а се тврдеше дека не им било дадено доволно време на џелатите да го спроведат процесот.

Гувернерот на Алабама Кеј Ајви, кој има овластување да ги запре судските убиства, одби да ги коментира предупредувањата и наводите на експертите против државата. Канцеларијата на јавниот обвинител ја нарече загриженоста на ОН „исто неоснована како и онаа на Смит“.

Републиканскиот пратеник Рид Инграм, кој гласаше за одобрување на егзекуции со азот, исто така ги отфрли критиките на ОН. „Не знам за понижување, не знам за нехумано, мислам дека се подобруваме. Мислам дека процесот е можеби подобар од она што Смит и го направи на жртвата“, рече тој.

„Нашиот гувернер е христијанин. Се разговараше за се и мислиме дека ова е соодветна казна. Сигурен сум дека ова е тешко за семејството, но тоа е закон“, заклучил Инграм.

Најнови вести од Свет

To top