Свет

Амбасадата на САД во Ирак им препорача на Американците да бидат внимателни

Амбасадата на САД во Багдад вчера ги предупреди своите државјани во Ирак дека постои опасност да бидат киднапирани бидејќи вооружени групи поддржани од Иран напаѓаат хотели каде отседнуваат Американци. Поради тоа Амбасадата им препорача на Американците во Ирак да бидат внимателни

Амбасадата на САД во Ирак им препорача на Американците да бидат внимателни

Амбасадата на САД во Багдад вчера ги предупреди своите државјани во Ирак дека постои опасност да бидат киднапирани бидејќи вооружени групи поддржани од Иран напаѓаат хотели каде отседнуваат Американци. Поради тоа Амбасадата им препорача на Американците во Ирак да бидат внимателни.

Американската амбасада предупреди и дека Иран и групите поддржани од него, можеби планираат напади врз „нафтената и енергетската инфраструктура во сопственост на САД.

Неодамна имаше напади во близина на Амбасадата на САД во Багдад и Конзулатот во Ербил.

По американско-израелскиот напад врз Иран, Техеран возврати со напади врз американските бази во земјите од Персиски Залив, во Ирак, Јордан, Либан, Сирија и Кипар.

To top