Свет

Ал Шара: Сирија привлече 28 милијарди долари инвестиции по реформата на законите

Сирија во последните шест месеци привлече странски инвестиции во вредност од 28 милијарди долари, по реформата на инвестиционите закони, изјави денеска привремениот претседател Ахмед ал-Шара.

– Сирија денес е отворена кон светот и започна ново поглавје. За само десет месеци успеавме повторно да ја зацврстиме нашата регионална и меѓународна позиција, со поддршка од многу земји, пред сè Саудиска Арабија, рече ал-Шара на инвестициска конференција во Ријад.

Тој истакна дека реформите ги направиле сиријските инвестициски закони меѓу најповолните во светот, со поедноставени процедури, даночни и царински олеснувања и посилна правна заштита за инвеститорите.

Ал-Шара нагласи дека Сирија сега има партнерства со Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција, а проекти се реализираат и со Бахреин, Јордан и компании од САД.

– Стабилна Сирија е од интерес за целиот регион. Наместо помош, сакаме обновата да ја постигнеме преку инвестиции, истакна тој.

Земјата е во транзициски период по соборувањето на Башар ал-Асад во декември, со што заврши повеќедецениското владеење на неговото семејство.

To top