Свет

Ал Џазира: Од 1996 година Израел убил четворица лидери на Хамас

Ал Џазира: Од 1996 година Израел убил четворица лидери на Хамас

Израел од јули 1996 година уби четворица лидери на Хамас, вклучувајќи го и шеикот Ахмед Јасин, со кого политичкиот лидер Исмаил Ханије, кој беше убиен во Техеран, тесно соработуваше откако се приклучи на палестинската група.

Во јануари 1996 година, Израел го уби воениот водач на Хамас Јахја Ајаш ​​во Беит Лахија, Газа, пренесува Ал Џезира. Во март и април 2004 година, во Газа беа убиени духовниот водач и основач на Хамас, шеикот Ахмед Јасин и наследникот на Јасин и ко-основач на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси.

Високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури, беше убиен во напад на израелско беспилотно летало во Бејрут во јануари оваа година. Хамас тврди дека Ханије бил убиен во израелски воздушен напад во Техеран, додека Израел не коментирал, што често се случува кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханије и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Хамас го нарече „сериозна ескалација“ убиството во наводниот воздушен напад и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.

To top