Катар соопшти дека преговорите за ослободување на војниците на израелските одбранбени сили кои ги држи Хамас ќе почнат откако ќе бидат ослободени цивилните заложници.
„Сегашниот приоритет е ослободување на цивилни заложници, жени и деца, а потоа ќе дојде редот на војниците“, рече портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари на брифинг со новинарите.
Истакнувајќи ја улогата на Катар заедно со Египет во посредувањето за ослободување на киднапираните, Ал-Ансари, исто така, вели дека заливската земја во овој момент не може да потврди ослободување на дополнителни израелски заложници надвор од 20-те кои треба да бидат ослободени во две групи десет денес и утре според условите на дводневното продолжување на примирјето договорено од страните.
„Катар ги поддржува сите регионални напори за постигнување траен прекин на огнот во Газа“, додава Ал-Ансари, истакнувајќи дека постои постојана координација меѓу арапските земји за да се упати заедничка порака до меѓународната заедница. (МИА)