Свет Анкета

АфД најпопуларна партија во Германија

Првпат според анкетите десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е најпопуларна партија во земјата. Шест месеци по предвремените парламентарни избори во Германија, АфД, според резултатите од анкетата на Ипсос има поддршка од 25 отсто, додека во февруари освои 20,8 проценти од гласовите.

ЦДУ/ЦСУ, која на изборите на 23 февруари освои 28,5 отсто од гласовите, според анкетата има поддршка од 24 проценти.

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Партијата на зелените бележат намалена поддршка во освоените гласови на изборите, додека партијата Левица го подобри својот резултат од 8,8 на 11 отсто.

Падот на популарноста ЦДУ/ЦСУ, според аналитичарите е поради промената на ставот на партијата и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц. Додека зголемувањето на популарноста на АфД и Левица е исто така поврзано со нивната политика на барање дипломатско решение за војната во Украина.

ЦДУ/ЦСУ и СПД со недели водат коалициски преговори, а веднаш на почетокот на разговорите најавија огромни финансиски пакети за обнова на одбранбената способност и инфраструктура на Германија.

To top