Свет политичко решение за крај на конфликтот во газа

Абдолахиан: Иран не се стреми кон проширување на војната во регионот

Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир Абдолахиан денеска во Бејрут изјави дека Иран и Либан не се обидуваат да ги прошират непријателствата во регионот.

Абдолахиан: Иран не се стреми кон проширување на војната во регионот

Иран и Либан потврдуваат дека војната не е решение и дека ние апсолутно никогаш не сме барале нејзино проширување, истакна Абдолахиан на заедничката прес-конференцијата со неговиот либански колега Абдала Бу Хабиб.

Според Абдолахиан единствениот начин да се стави крај на конфликтот во Појасот Газа е политичкото решение.

Тој и го предупреди Израел да не преземе какви било чекори кон целосна војна против Либан, велејќи дека тоа ќе биде „последниот ден“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

To top