Свет трагедија

17 лица загинаа во несреќата со фуникуларот во Лисабон

Бројот на загинатите во инцидентот со фуникуларот во Лисабон достигна 17, соопштија службите за заштита и спасување.

17 лица загинаа во несреќата со фуникуларот во Лисабон

Бројот на загинатите во инцидентот со фуникуларот во Лисабон достигна 17, соопштија службите за заштита и спасување.

Двајца од повредените починале во болница, изјави пред новинарите Мархарида Кастро Мартинш, раководителка на Службата за цивилна заштита на Лисабон. Со ова бројот на повредени изнесува 21 лице.

Според првичните информации, дошло до кинење на еден од каблите на возилото, по што тоа се забрзало надолу по стрмнината, излегло од шините и удрило во куќа.

Меѓу 21-те повредени има и многу странски државјани кои биле во популарниот фуникулар, кој е омилен кај туристите, додаде Мартинш.

Спасувачките служби соопштија дека меѓу повредените се најмалку 11 странци двајца од Германија, двајца од Шпанија, по еден од Франција, Италија, Швајцарија, Канада, Мароко, Јужна Кореја и Кабо Верде.

Фуникуларите во Лисабон, меѓу кои се и „Бика“ и „Лавра“, како и панорамскиот лифт „Санта Жуста“, се препознатливи по жолтата боја слична на лисабонските трамваи и претставуваат голема атракција за туристите.

To top