За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Здравиот човек има многу желби, а болниот само една – да оздраве!
Да оздрават – им посакав на 86те дечиња кои се хоспитализирани на лекување во Клиниката за детски болести во Скопје кои денес ги посетив и им доделив новогодишни пакетчиња.
Новогодишните празници носат посебна магија која на сите нас ни дава посебна среќа, радост и задоволство. Но таа радост е уште поголема кога ќе видите насмеани лица на дечињата кои се наоѓаат на лекување.
Празниците се одлична можност уште еднаш да ја покажеме нашата општествена одговорност и хуманост кон сите оние на кои им потребна помош, поддршка и внимание.
На сите деца им посакувам пред се добро здравје, неизмерна среќа, благосостојба во домовите и денови исполнети со насмевка на лицата! – напиша Стефковски.