Општина Чаир го заврши асфалтирањето на улицата „ЛПК“ (Коста Абрашевиќ) во населбата Серава, со што значително се подобри патната инфраструктура и пристапот за жителите во овој дел од општината.
Во рамки на активностите беа уредени шахтите и подобрен дел од атмосферската мрежа на местата каде што постоеше потреба, со цел обезбедување долготрајна функционалност и подобра дренажа при обилни врнежи.
Улицата сега е уредна, чиста и подготвена за сообраќај, што придонесува за полесно движење и поуреден изглед на населбата.
Edhe një tjetër premtim i mbajtur, një tjetër investim i realizuar.
Sot isha në terren, në lagjen Seravë, ku ka…
Posted by Izet Mexhiti on Среда, 5 ноември 2025
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити при посетата на терен, истакна дека жителите изразиле големо задоволство од реализираните активности и динамиката со која се менува нивната населба:
„Секојдневно чекориме со конкретни проекти кои носат вистински промени. Чаир се менува – маало по маало, градиме модерна и функционална општина за сите наши жители.“
Овој проект е дел од континуираната програма на инфраструктурни инвестиции што Општина Чаир ја реализира во сите населби, со цел подобрување на квалитетот на животот и создавање подобри услови за граѓаните.