Во општина Бутел од денес започна целосната реконструкција на улицата „Симче Настевски“ во населба Радишани.
По повеќе децении лажни ветувања на надлежните, општина Бутел го исполни најголемото барање на граѓаните.
-Улицата е во должина од 500 метри и површина од 2500 метри квадратни. Реконструкцијата на улицата „Симче Настевски“ е дел од големата градежна офанзива – проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари, потенцираа од општината.
Општина Бутел останува посветена на инвестиции во инфраструктурата и подобрување на животот на граѓаните во секое населено место.