Скопје ЈП Комунална хигиена-Скопје

Во текот на минатата недела се отстранети 200 кубни метри отпад од диви депонии

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела врачи десет записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад.

Во текот на минатата недела се отстранети 200 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 200 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини.

Повторно беше интервенирано и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што беа подигнати 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени крај детското игралиште на аголот со улицата Максут Садик.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела врачи десет записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници се изготвени во скопската општина Чаир, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

To top