Скопје Водици

Во општина Илинден светиот крст кај Марио Димитријевски

На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година. Традиционално, тој доби пригоден подарок од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, од директорите на јавните комунални претпријатија на општина Илинден, со што уште еднаш беше истакната поддршката на општината кон негувањето на верските и културните традиции. 

Во општина Илинден светиот крст кај Марио Димитријевски

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број на верници.

Во традиционалното фаќање на светиот крст, учествуваа вкупно 70 учесници, меѓу кои најсреќен беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст. Чинот го водеше епископ дељадровско-илинденски Јоаким и беше проследен со особено внимание од бројните присутни, во свечена и достоинствена атмосфера.

На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година. Традиционално, тој доби пригоден подарок од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, од директорите на јавните комунални претпријатија на општина Илинден, со што уште еднаш беше истакната поддршката на општината кон негувањето на верските и културните традиции.

Најнови вести од Скопје

To top