Во општина Илинден денес се одржа завршен настан од Еразмус + од проектот: „Зелени микроакредитиви“.
Во рамки на проектот основната тема што се третираше на настанот е „Зелените вештини во постсредното образование“ која го спојува она што е најважното, а тоа е образованието, економијата и екологијата. Овие три сфери не може да се гледаат одвоено ако сакаме да изградиме економија што е конкурентна и истовремено одржлива, мора да започнеме со образованието.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека зелените вештини и нивната интеграција во образовниот систем на пазарот на труд се од особена важност за да се обезбеди поодржлива иднина за Општина Илинден, но и за целата држава.
Општина Илинден продолжува да вложува во модернизација на образованието и создавање услови во кои младите ќе можат да добијат применливи знаења и вештини.