Скопје реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Разочарувачко интервју на Арсовска, сите други и се виновни, нека го спаси Скопје и нека си даде оставка

Данела Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното. Сите други и се виновни, само таа не е. А истата е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје, се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Данела Арсовска од градоначалник на најголемата локална самоуправа во државата, неуспешно бараше кој град е полош од неа, еве да и ги скратиме маките на Арсовска, полош град и градоначалник од неа нема. Данела Арсовска стана единица мерка за неспособност и криминал. Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави. Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна, истакнаа од владејачката партија.

To top